Македонија

Обвинение за раководител во Битолскиот инспекторат за бесправна градба

Обвинение за раководител во Битолскиот инспекторат за бесправна градба

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење според член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот раководител во општинскиот инспекторат во Битола, во временскиот период од октомври 2013 година до март 2016 година, во атарот на селото Дихово, надвор од градежен реон, односно во местото викано „Трновски ливади“, на земјоделско земјиште во сосопственост на повеќе физички и едно правно лице изведувал градба и изградил помошен објект на три ката со вкупна површина од 193 м2.

Објектот го изградил без претходно да обезбеди согласност од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно чл.51-а од Законот за земјоделско земјиште и без одобрение за градење донесено во постапка пропишана согласно чл.59 од Законот за градење, што е поткрепено и со соодветно вештачење.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни