„Зарем е забрането присуство на лица од одредена професија кога во судница може да присуствува секој полнолетен граѓанин. Јас не гледам причина да се утврдува зошто лицето е присутно”, се обрати судијката кон обвинителката.
На ова следеше и остра реакција од одбраната дека целта на ваквиот настап на обвинителката е заплашување на дел од јавноста и притисок за да се елиминира дел од јавноста.
И вчерашното рочиште помина во знакот на целосна конфузија на застапникот на обвинението. Судијката повеќе пати бараше од обвинителката прецизно да каже што точно предлага за натамошниот тек на постапката, а таа одговори дека судот треба да каже што е целисходно. Судијката побара конкретен предлог, но на ова барање немаше одговор.
Според одбраната, ова е најдобар знак дека постапката во случајов е веќе пропадната, затоа што обвинителството е странка која треба да докажува основаност на обвинението. Но, во случајов со Жан Митрев токму од доказите на обвинението е очигледно дека случајот се води без основа и обвинението одамна требаше да биде повлечено, смета одбраната.
Интересно е и тоа што обвинителката упорно не ги повлекува, ниту пак ги презентира доказите од листата под точка 13, а бараше и повлекување на тројца од своите сведоци.
Можеби барањето на обвинителот да биде исклучен дел од јавноста е заради одбегнување пред јавноста да се открие пропаднатото обвинение и упорното неосновано водење на постапката против Жан Митрев и неговата клиника, коментираат од одбраната.
Наредното рочиште е закажано за 4 септември.