Македонија

Обвинителство за убиениот доктор: Неколку убодни рани, телото предадено на обдукција, се собираат снимки од безбедносни камери…

Обвинителство за убиениот доктор: Неколку убодни рани, телото предадено на обдукција, се собираат снимки од безбедносни камери…

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место во скопската населба Железара каде во текот на ноќта беше пронајдено безживотно тело на лекар со повеќе убодни рани.

Телото на починатиот го пронашол неговиот син.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција, како и наредба за прибирање и анализа на сите траги пронајдени на лице место и за обезбедување на снимки од видеонадзор.

Се преземаат дејствија за расчистување на настанот.

Фото: Архива

Ноќно студио

Најнова епизода

Продажба или стечај за Алта банка? Ноќно студио со Славко Лазовски 12.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни