Македонија

Обвинителството бара доживотна казна затвор за убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Обвинителството бара доживотна казна затвор за убијците на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

„Ниту една казна не е доволна за семејствата на жртвите“. Со оваа порака обвинителката Ана Стоилковиќ Димитровска ги заврши завршните зборови и побара казна доживотен затвор за сите обвинети за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Таа објасни зошто обвинителството бара ваква казна.

„Истите лица ја слушаат внимателно како Вања се бори за својот живот и објаснува каде може да ги бараат парите, обвинетите со еден куршум ја остваруваат својата цел. Иако двете убиства се квалификувани од потежок облик, и казната се движи минимум од 10 години до доживотен затвор, и таа разлика од минималната до максималната казна е голема. Затоа Судот треба внимателно да ги земе во предвид и начинот на спроведување на делата, и нивната непоколебливост во намерата. Тука не постојат олеснителни околности. Сите обвинети се дел од семејна заедница, сите се нашле во улога на воспитувачи, а тие посегнуваат по она што му е најсреќно на секој родител, на секо човечко битие.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни