Од 14 мај македонските граѓани ќе може да влезат во Грција со негативен ПЦР тест не постар од 72 часа, или со потврад за вакцинација против Ковид-19. Ова го потври денеска министерот Венко Филипче.
Овие информации му ги дал грчкиот министер за туризам Харис Теохарис при последниот телефонски разговор што го имале минатата недела.
Засега не се знае дали Северна Македонија ќе биде во групата земји за чии граѓани ќе биде допуштен влез во Грција и со негативен брз антигенски тест. Филипче рече дека за тоа се чека одлука од грчката Влада.