Македонија

Од 50 функционери само 3 поднесоа оставки откако Таравари ја напушти Владата

Од 50 функционери само 3 поднесоа оставки откако Таравари ја напушти Владата

Од 50 функционери од Алијанса за Албанците, крило на Арбен Таравари, само тројца си поднеле оставки по напуштањето на лидерот од владината коалиција.

Ова го истакна вицепремиерот Арбен Фетаи, дел од оваа партија.

Како што вели, АА е се уште дел од Владата.

„Учеството на АА во Владата го сочинуваат околу 50 државни функционери кои се именувани на одредени позиции – најмалку 50, можеби и повеќе. Но, најмалку 50 има, и од нив, според она што јас го знам, само 3 досега поднеле оставка. Тие 3 јавно излегоа, за другите не ми е познато дека некој се повлекол од Владата. Знам дека сите останати продолжуваат да одат на своите работни места“, рече Фетаи.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни