Во живо 20:00 „Ноќно студио“ со Анастасија Павловска „Кој ги следи студентите“ Гледај
Македонија

ОД ЧЕТВРТОК ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО

ОД ЧЕТВРТОК ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО

До крајот на оваа недела во Македонија ќе се задржи НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛОТО време за овој период од годината и тоа поради влијанието на топлата воздушна маса која продира од југ.

Времето ќе биде претежно сончево, додека од четврток облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за локален слаб дожд. Исто така од четврток ќе започне да дува ветер од јужен и од југозападен правец и истиот особено за време на викендот ќе биде ЗАСИЛЕН на интензитет.

Наутро температурите ќе се спуштаат во интервалот од -2 до 5 степени, доека во југоисточните предели истите се очекува да се движат и до околу 10 степени. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 20 степени, а во централните и во југоисточните предели температурите се очекува да се искачат дури и над 20 степени (односно до 22 степени).

Во Скопје и околината продолжува периодот на НЕВООБИЧАЕНО ТОПЛО време за овој период од годината. Ќе биде претежно сончево со повеќе облачност од четврток кога ќе започне да дува и ветер од јужен правец. Температурите ќе се искачуваат во интервалот помеѓу 18 и 20 степени.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни