Македонија

Од денес до 30 август македонско-српски полициски патроли ќе патролираат низ Охрид

Од денес до 30 август македонско-српски полициски патроли ќе патролираат низ Охрид

Од денес до 30 овој месец припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Србија ќе бидат присутни во Охрид, согласно договорената соработка на МВР на двете држави за време на туристичката сезона.

Соработката за заеднички полициски патроли беше договорена за време на официјалната посета на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на Србија на 25 јули оваа година.

Согласно Протоколот за соработка меѓу МВР на двете земји за соработка во текот на летната сезона, тројца полициски службеници на српската полиција од општа надлежност и еден од Одделението за криминалистика секојдневно во односниот период ќе работаат на терен заедно со нивните колеги од Македонија.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни