Од денес во аптеките низ Македонија, ќе може да се набават деветте лекови кои беа ставени на позитивната листа. Меѓу нив опфатени се лекови за висок притисок, срцеви заболувања, лекови за третман на депресија и за деменција.
Проширувањето во август го најави министерот за здравство Арбен Таравари, кој кажа дека на листата се додадени девет нови генерици, односно 87 лекови со различни имиња и форми.
Меѓу лекогите кои се најдоа на листата се со генеричко име Prasugrel и Ticagrelor (за крвни болести и против згрутчување на крвта), Nebivolol, Perindopril, Valsartan и Fenofibrate за висок крвен притисок и Escitalopram, Mementine и Duloxetine за третман на депресија и деменција. Која било доза од деветте генерички лекови од кој било производител, за пациентите ќе ја покрива Фондот за здравство.