Македонија

Од полноќ горивата поскапуваат, ова се новите цени

Од полноќ горивата поскапуваат, ова се новите цени

Од полноќ ќе има ново зголемување на цените на горивата, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на бензините се зголемуваат за 1,5 денари, додека дизелот поскапува за 1 денар.

Така со новите цени, ЕУРОСУПЕР 95 од утре ќе се продава по цена од 76,5 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 98+ ќе чини 79 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе изнесува 69 денари по литар.

Се зголемува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 1 денар, и од утре ќе изнесува 69 денари. Цената на мазутот, пак, ќе порасне за 0,9 денари и од утре ќе изнесува 41,7 денари по килограм.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни