Македонија

Од полноќ пак се зголемуваат цените на горивата во Македонија

Од полноќ пак се зголемуваат цените на горивата во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48% во однос на одлуката од 15.2.2024 година.

Од 17.2.2024 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95     83,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98     85,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)     79,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)     76,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС         40,732 (денари/килограм)

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 17.2.2024 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни