Во живо 20:00 „Ноќно студио“ со Анастасија Павловска „Кој ги следи студентите“ Гледај
Македонија

Од полноќ поскапуваат горивата

Од полноќ поскапуваат горивата

Регулаторна донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,22% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 03.03.2023 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 78,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 0,50 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 78,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,722 ден/кг, и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 41,988 ден/кг.

Ноќно студио

Најнова епизода

Кој ги следи студентите? Ноќно студио со Анастасија Павловска 10.11.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни