Од утре врнежи од дожд, пообилни во западните и јужните делови во Македонија

Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал 8 до 16 степени.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и претежно тивко со мала до
умерена облачност. T=11°C. P=984hPa. U=58%. V=2m/s.

Под влијание на серија од влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.