Македонија

Од вечерва дождови, пообилни во западните и јужните делови – на планините врнежи до снег

Од вечерва дождови, пообилни во западните и јужните делови – на планините врнежи до снег

Променливо облачно и магловито. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Претежно облачно и магловито со слаб јужен ветер. T=9°C. P=987hPa. U=80%. V=1m/s.

Под влијание на циклонска активност од денес во вечерните часови следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните и јужните делови. На некои од повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Минималните температури ќе бидат насекаде позитивни.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни