Македонија

Од вечерва почнува дезинсекција против комарци во Скопје

Од вечерва почнува дезинсекција против комарци во Скопје

Четири ноќи по ред во Скопје ќе се спроведува терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци, информираат од Град Скопје.

Прскањето ќе се одвива од 16 до 19 септември, во периодот од 22:00 до 03:00 часот наредниот ден, на подрачјето на градот Скопје.

Од Градот посочуваат дека доколку временските услови не дозволат спроведување на дезинсекцијата, прскањето ќе биде реализирано во првиот нареден ден кога ќе има поволни услови, во истиот временски термин.

Воедно, се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни