Македонија

Од вкупно 14 пожари во Македонија, 13 изгаснати!

Од вкупно 14 пожари во Македонија, 13 изгаснати!
Од Центарот за управување со кризи информираат дека во текот на вчерашниот ден, петок, 23.08.2024 година, имаше вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои 1 е под контрола и 13 се изгаснати. ПОД КОНТРОЛА: 1
  1. Општина Демир Хисар: Плакенска планина, над с.Вирово (ниска вегетација и сува трева).
ИЗГАСНАТИ: 13
  1. Општина Аеродром: с.Горно Лисиче (сува трева);
  2. Општина Чаир: кај Стариот Римски аквадукт (сува трева);
  3. Општина Гази Баба: с.Раштак (ѓубре и сува трева);
  4. Општина Гостивар 1: Голем пазар во Гостивар (ѓубре);
  5. Општина Гостивар 2: с.Чајле (сува трева);
  6. Општина Тетово: покрај автопат Тетово – Гостивар (сува трева);
  7. Општина Василево: с.Доброшинци, м.в.Слобода (ниви и сува трева);
  8. Општина Свети Николе: с.Црнилиште (стрниште);
  9. Општина Струга 1: м.в.Патот кон с.Долна Белица (стрниште и сува трева);
  10. Општина Струга 2: с.Ложани (сува трева);
  11. Општина Струга 3: с.Корошишта – с.Волино (сува трева);
  12. Општина Долнени: с.Браилово – с.Десово (сува трева);
  13. Општина Куманово: с.Јачинце (сува трева и штала).
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни