Македонија

Од задутре нестабилно со пороен дожд, за викендот пад на темепратурите

Од задутре нестабилно со пороен дожд, за викендот пад на темепратурите

Од задутре на повеќе места времето ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за појава на локално невреме. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а за време на викендот ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец што ќе услови намалување на дневната температура, наведуваат од УХМР.

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне претежно во западните делови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје утре сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни