“Владината коалиција СДСМ – ДУИ, се плашат од можна контрола на пратениците во работата на СЈО“. Вака им се обрати на новинарите и јавноста пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, по одбивањето на барањето од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери во однос на формирањето Анкетна комисија во Собранието за СЈО. Според Милошоски, ВМРО-ДПМНЕ има сознанија за злоупотреби при јавните набавки.
Но претседателот на Собранието, Талат Џафери рече дека опозицијата треба да го почитува уставното име на државата.
„Во член 3 и член 8, се вели дека треба да се стави уставното име на државата Република Северна Македонија. Оваа забелешка се однесува и на потписот на претседателот на Собранието каде недостига името и презимето на претседателот на Собранието на РСМ, Талат Џафери.“.
Опозицијата пред три дена достави барање за формирање анкетна комисија која ќе ја истражува работата на СЈО и тоа како се потрошени околу 15 милиони евра во досегашната работа на оваа институција.