Македонија

Одбраната на Љупчо Палевски бара вешто лице да се произнесе дали чаурата до телото на Панче била од пиштолот на Видевски

Одбраната на Љупчо Палевски бара вешто лице да се произнесе дали чаурата до телото на Панче била од пиштолот на Видевски

Одбраната на првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо бара вешто лице да се донесе физички во судот и истото да се произнесе дали чаурата пронајдена до убиениот Панче Жежоски била од пиштолот на обвинетиот Боре Видевски.

„Предлагам како доказ прво да се достави на физички увид на чаурата пронајдена на лице место каде што е пронајдено телото на Панче Жежовски“, вели одбраната.

Според нив, во списите на предметот исто така има и вештачење на таа чаура од вешто лице каде е утврдено дека се работи за чаура од оружје 9мм.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Стефанија Кузмановска и Тодор Конески 10.06.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни