Breaking МВР: Над 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила и 35 кровови по невремето во Скопје
Македонија

Одговорноста за Даути исто како и за незакажувањето седница на Комисија е кај Гаши, велат од СДСМ

Одговорноста за Даути исто како и за незакажувањето седница на Комисија е кај Гаши, велат од СДСМ

Од СДСМ велат дека иако и беше изгласана недоверба на претседателката на Комисија за социјална политика, Илирие Даути, претседателот на Собранието, Африм Гаши вели дека тоа не е обврска за нејзино разрешување и дека нема правно дејство.

„СДСМ нема да навлегува во фарсата којшто во македонското Собрание ја прават Левица, ЗНАМ И ДПМНЕ.

Без разлика на скриените мотиви на Левица, ЗНАМ и ДПМНЕ не може интерпелација да нема никаква правна последица.

Целата одговорност и околу несвикувањето седница за Законот за бранители и сега по усвоената недоверба за Дауити е кај претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Сега откако е изгласана интерпелација, односно недоверба, исто така одговорност на претседателот на Собранието е да соопшти што ќе преземе и кои се неговите следни чекори“, велат од СДСМ.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни