Македонија

Одливот на медицинскиот кадар, сериозен проблем за земјава

Одливот на медицинскиот кадар, сериозен проблем за земјава

Медицинските сестри во земјава помалку платени од нивните колешки во соседството. Во Србија платата за оваа професија е од 800 евра па нагоре, во Хрватска се движи од 1.000 до 1.500 евра. Во Македонија платата изедначена со минималецот. И покрај повисока плата и подобрите услови за работа, сите земји во регионот се соочуваат со одлив на медицински сестри, вели Гордана Бешлиоска по конференцијата во Сараево, објави МРТ.

Македонија е рекордер во одливот на медицински сестри. Кај има 50% помалку од потребното и тие што останаа си заминуваат, алармира Бешлиоска. Во Србија има недостиг меѓу 10 и 15%, во Хрватска околу 10%, но тие имаат законски пропишан минимум под кој не смеат да отидат. И таму јасно е поделено што е работа на медицинска сестра, што на болничарка, што на хигиеничарка.

Светската здравствена организација покажува дека на 3 лежечки пациенти во болница треба да се грижи една сестра. За 30 пациенти на оддел треба да се грижат од 8 до 10 сестри, но во нашите болници има едвај 4 до 5.

Според медицинските сестри, ако не се одлепи платата од минималецот, ако не им се признаат факултетските дипломи и ако не се подобрат условите за работата, за кусо време ќе нема која да се грижи за пациентите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни