Македонија

Одлуката за цените на трговските маржи ќе се знае следната недела

Одлуката за цените на трговските маржи ќе се знае следната недела

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши заедно со заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески, директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски и претставници од Комисијата за заштитa од конкуренција денеска одржаа состанок со претставници на најголемите трговски ланци и дистрибутери во државата.

На состанокот се разговараше за предлог одлуката на Министерството за економија и труд за ограничување на бруто профитната маржа на 10% во трговија на големо и 10% во трговија на мало на дел од основните прехранбени производи и средства за хигена.

Трговците и диструтерите дадоа свои предлози и забелешки кои Министерството за економија и труд дополнително ќе ги анализира.

На состанокот беше договорено конечната одлука да се донесе во текот на
следната недела.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни