Страшни снимки попладнево доаѓаат од Охрид. По силно невреме кое го зафати југо-западниот дел од Македонија, во целосен прекин е сообраќајот кон Свети Наум.
Поради одрон на патот во целосен прекин е сообраќајот на регионалниот пат Охрид – Свети Наум, кај селото Љубаништа. Kако што соопшти АМСМ, сообраќајот на овој регионален пат е од 19:15 часот.
Потребна е итна санација на патот поради тоа што жителите немаат друга алтернатива за пристап до градот.
Во понеделник пак во манастирот Свети Наум има закажано свечено литергуја.