Свет

„Одвратно е, да не не допира повеќе“: Писмо до Дедо Мраз ја крена полицијата на нозе!

„Одвратно е, да не не допира повеќе“: Писмо до Дедо Мраз ја крена полицијата на нозе!

Девојче од Долна Саксонија, Германија, побарала од Дедо Мраз да го спречи нејзиниот дедо сексуално да ја злоставува неа, нејзините двајца браќа, сестра и мајка.

Неименувана девојка од Долна Саксонија испратила вознемирувачко писмо до Дедо Мраз заедно со застрашувачки цртеж на кој се прикажани деца во неволја на адресата на инфлуенсерот Александар Шенен (34) од Вестфалија (Северна Рајна) во Германија.

Шенен заедно со својот тим пренаменил магацин од 1.000 метри квадратни во „Божиќна фабрика“ со идеја да ги испрати бараните подароци на децата кои му пишуваат писмо на Дедо Мраз.

Едно од писмата добиени на адресата е од девојче злоставувано од нејзиниот дедо (67). Жртви, како што напиша, не биле само таа, нејзините двајца браќа и сестра, туку и нивната мајка. Како што се испостави, децата се на 10, 12 и 14 години.

Таа побарала нејзиниот дедо да биде казнет „за она што го направил на нејзината мајка, двајца браќа, сеста и на неа“.

„Би сакале да сфати дека тоа што го направи е погрешно … и никогаш повеќе да не не допира, одвратно е“.

Врз основа на нејзините зборови, може да се заклучи дека жртва на насилникот е и мајката, која има 32 години, иако не е јасно дали се работи за таткото на жената.

На цртежот испратен од детето заедно со писмото се гледаат три деца во солзи со нивниот дедо на средина.

Александар и неговиот тим биле згрозени од писмото на оваа девојка, а тој за локалните медиуми изјавил:

„Кога го прочитавме тоа, одеднаш сè запре. Како некој да го притиснал копчето за стоп. Тоа беше момент на шок“.

Веднаш повикале полиција која против мажот покренала постапка за сексуална злоупотреба.

Според извештаите, неименуваната мајка потврдила дека содржината на писмото на детето е точна.

Според Билд, полицајците кои отишле во куќата на девојчето наводно рекле:

„Тука сме затоа што децата му пишаа на Дедо Мраз дека ги малтретира …“

Зборуваше и Ханс Кристијан Волтерс од јавното обвинителство во Брауншвајг, кој објави:

„Мажот наводно сексуално ги злоставувал своите внуци (10 и 12 години) во текот на подолг временски период и ја силувал својата снаа неколку пати во текот на најмалку три години“.

Во меѓувреме, мајката на девојчето го пријавила 67-годишниот маж, кој во јуни беше осуден за сексуален престап, објавија бројни германски медиуми.

Осомничениот засега не се огласил.

Писмото на девојката во целост

„Драг Дедо Мраз, Се надевам дека сте добро и ќе имате многу радост во вашата работилница. Знам дека сте многу зафатени со читање писма во моментов. Не сакам многу работи, само една што е многу важна за мене и за моето семејство. Мојата најголема желба е дедо ми да биде казнет за тоа што го направи на мајка ми, на моите браќа и сестри и мене. Би сакале да разбере што згрешил и да не нè повреди повторно. Би било многу убаво кога би можеле повторно да се смееме како порано и едноставно да заборавиме на сè што нè повредило. Друга желба би била да ја посетите вашата работилница. Многу би нè израдувало да видиме како се направени сите подароци“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни