Македонија

Одземале машини и предмети во вредност од 1.239.000 денари – четворица осомничени за кражби во Македонски железници

Одземале машини и предмети во вредност од 1.239.000 денари – четворица осомничени за кражби во Македонски железници

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири лица кои извршиле вкупно 4, а се обиделе да извршат уште една тешка кражба од објект на ЈП МЖ Инфраструктура – Скопје на булеварот „Србија“.

Од почетокот на месецов, во четири наврати, со физичка сила и алат го кршеле катанецот со кој била затворена капијата на објектот, а потоа  влегувале внатре и одземале машини и други предмети во вкупна вредност од 1.239.000 денари.

Потоа, уште еднаш на 14.04 двајца од нив дошле пред објектот, ја обиле металната капија и се обиделе да одземат парчиња лим, но биле забележани и задржани на лице место од вработените.

За сите нив јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни