Македонија

Официјално од денес почнува есента, денот ќе трае 12 часа и девет минути

Официјално од денес почнува есента, денот ќе трае 12 часа и девет минути

Денес во 14:43 часот во земјава и на северната хемисфера започнува есента. Во исто време на јужната полутопка на Земјата ќе настапи пролетта.

Првиот есенски ден е 266-иот ден во годината и ќе трае 12 часа и девет минути.

Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 21 минута, а ќе зајде во 18 часот и 30 минути.

До крајот на годинава остануваат уште 100 дена.

Есента ќе трае 89 дена, до 21 декември во 10 часот и 20 минути, кога календарски започнува зимата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни