Се враќа култната македонска хумористична телевизиска емисија К-15. Во објава на Фејсбук се вели дека истата официјално се враќа пред гледачите.
Засега нема информации за форматот, но од таму најавуваат повеќе информации во наредните денови.
К-15 започна да се прикажува во средината на 1990-тите години и претежно беше во формат на епизоди составени од кратки хумористично-сатирични скечеви на македонски јазик.
К-15 е основано и изворно го сочинуваат Васко Тодоров, Љупчо „Бубо“ Каров и Бранко Огњановски, но често се појавуваат и други глумци.