Балкан

Огромна ајкула забележана во Грција: „Првата ајкула што некогаш сум ја видел во нашите води“ ВИДЕО

Огромна ајкула забележана во Грција: „Првата ајкула што некогаш сум ја видел во нашите води“ ВИДЕО

Грчки рибар ја забележал најбрзата ајкула на светот на брегот на Закинтос.

„Првата ајкула што некогаш сум ја видел во нашите води“, рекол шокираниот грчки рибар Јанис Геладас откако ја видел огромната ајкула.

Геладас пловел во Јонското Море кога поминал покрај ајкулата за која подоцна се покажало дека е најбрзата ајкула на светот – мако со кратка перка. Овој вид е забележан во Медитеранот по десет години.

Како што пренесува „Гардијан“, рибарот за локалното радио ЕРТ Закинтос изјавил дека „воопшто не билa агресивна“, туку пливала покрај чамецот „мирна како делфин“.

Макото со кратки перки може да порасне до четири метри во должина и да тежи околу 570 килограми – а брзината што ја достигнува e и до 100 километри на час.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни