Македонија

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за таткото од Ново Село кој ја врзуваше ќерката и снимаше

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за таткото од Ново Село кој ја врзуваше ќерката и снимаше

По објавената снимка на која се гледа врзано дете во струмичко Ново Село, Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување истражна постапка против таткото на девојчето, поради сомнение за кривично дело – Запуштање и малтретирање на дете, казниво по член 201 од Кривичниот законик.

Од Обвинителството информираат дека девојчето, преку Центарот за социјални работи, е веднаш згрижено и сместено во згрижувачко семејство.

Во однос на осомничениот татко, обвинителството ќе предложи мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, одземање на патната исправа, обврска за повремено јавување кај надлежно службено лице, како и забрана за приближување до девојчето.

Истражната постапка е во тек, а институциите преземаат мерки за заштита на детето и утврдување на сите околности поврзани со случајот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни