Македонија

Оливер Спасовски заминува од МВР, a Благој Бочварски од МТВ?

Оливер Спасовски заминува од МВР, a Благој Бочварски од МТВ?

Премиерот Димитар Ковачевски пподготвува мини реконструкцијата на Владата, дознава 4NEWS.mk. Во овие мооменти е јасно дека за Министерството за локална самоуправа веќе е избран кадар кој пак и потврдува дека ја прифаќа функцијата. Тоа е поранешниот градоначалник на Град Скопје Ристо Пенов.

Но нема да биде ова единствената промена која ја прави премиерот Димитар Ковачевски на неполна година од стапувањето на функција како премиер на Македонија.

Според наши извори, ремонт ќе има уште во најмалку две министерства. Првото е Министерството за внатрешни работи за каде најверојатно се планира Оливер Спасовски да биде заменет со актуелниот генерален секретар на СДСМ Миле Зечевиќ.

А помалку очекувано е да се случи и оваа промена во Министерството за транспорт и врски, односно Благој Бочварски да биде заменет со поранешниот градонаалник на Град Скопје, Петре Шилегов.

По направени промени, сите тие ќе треба да бидат изгласани во Собранието.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни