По 60 години статус кво, три години научен преглед од СЗО и две години дипломатски дискусии, денес Обединетите Нации (ОН) конечно го повлекоа канабисот од Класа IV на Единствената конвенција – „класата за забрана“.
Ваквата класификација значи дека канабисот е повлечен од листата на хероинот и слични опасни наркотици, а со тоа му дадоа легитимност на неговите лековити својства, што дава поттик за милиони пациенти низ светот и е чекор напред на науката над политиката.
Како што пишува Њујорк Тајмс, гласањето на Комисијата за наркотични дроги, чие седиште е во Виена и вклучува 53 земји-членки, разгледа низа препораки од СЗО за преквалификација на канабисот и неговите деривати. Но, вниманието беше насочено кон клучната препорака за отстранување на канабисот од Класата IV.