Македонија

Онкологија се извини за одложената терапија Phesgo: Проблемот е во дистрибуцијата

Онкологија се извини за одложената терапија Phesgo: Проблемот е во дистрибуцијата

Проблеми во дистрибуцијата и ненавремената испорака на лекот Phesgo предизвикале одложување на терапијата за пациентки кои денеска требало да ја примат на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Од Клиниката упатија јавно извинување и најавија дека преземаат мерки лекот да биде обезбеден во најкус можен рок.

Во соопштението објавено на социјалните мрежи, од Клиниката посочуваат дека се свесни за значењето на навременото и континуираното примање на терапијата, како и за загриженоста и неизвесноста со кои се соочиле пациентките поради одложувањето.

„Свесни сме колку е важна навремената и континуирана терапија и искрено жалиме за загриженоста, неизвесноста и непријатностите што ги предизвика оваа ситуација“, наведуваат од Клиниката.

Од таму појаснуваат дека причината за одложувањето се проблеми во дистрибуцијата и испораката на лекот, за кои велат дека се надвор од нивната директна контрола.

Воедно, упатуваат извинување до сите пациентки кои денеска требало да ја примат терапијата и уверуваат дека преземаат сè што е во нивна надлежност таа да биде обезбедена што е можно побрзо.

Од Клиниката им се заблагодарија на пациентките за трпението, разбирањето и довербата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни