Македонија

Општ хаос се случува низ македонските улици, нема ден а да нема убиство, рече Кузевска од СДСМ

Општ хаос се случува низ македонските улици, нема ден а да нема убиство, рече Кузевска од СДСМ

Тошковски нема капацитет да се справи со криминалот и да ја гарантира безбедноста на граѓаните, туку дозволува негово слободно ширење на улиците, па дури и во полициски станици, рече денеска на прес конференција портпаролката на СДСМ Богданка Кузевска.

„Безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена, Македонија гори од насилство, убиства по улиците, крминал и безредие. Вчерашното убиство во Штип дополнително ја вознемири јавноста, дивеење како на филм за на крај да слушнеме за убиство на уште еден млад човек“, рече Кузевска.

Од СДСМ прашуваат како е возможно млад човек да поседува пиштол, чив е автомобилот со кој бегал убиецот и пукал дури и на патарина.

„Кој го дозволил ова безредие, односно оваа анархија“, заклучи Кузевска барајќи одговорност од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни