Општина Центар со измени: Пари за новороденче ќе земат и овие семејствата

Наместо двајцата родители, како што беше досега, за остварување на правото на парична помош за новороденчиња, отсега доволно е само еден од родителите да има лична карта со постојано живеалиште во Општина Центар. Право на парична помош ќе имаат и самохраните родители со живеалиште во општината

Овие измени на Правилникот за постапката за остварување право на парична помош за новороденче беа донесени на последната, 18-та седница на Советот.

-Со оваа активност уште еднаш покажуваме дека се грижиме за најмладите жители, давајќи им поддршка на нивните родители. На овој начин не само што им помагаме на семејствата со принова, туку добиваме и реална евиденција за новородените деца на територија на Општина Центар, порача градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.