Македонија

Општина Центар со казни за кафеанџиите на Кеј: Нема да дозволиме кејот да биде узурпиран

Општина Центар со казни за кафеанџиите на Кеј: Нема да дозволиме кејот да биде узурпиран

Во саботата кафеанџиите на Кеј-13 Ноември ги поставија масите надвор од терасите на рестораните, иако такво нешто не е дозволено.

На сопствениците пред 3 години им беше дозволено да имаат тераси само пред објектите, каде тие зедоа 3,5 метри дополнителен јавен простор и ги изолираа со стакло заради пушење. Но, тоа не им беше доволно, затоа скоро сите ресторани што се таму го окупираат просторот каде што шетаат граѓаните.

Од Општина Центар велат „нема да дозволиме кејот повторно да биде узурпиран“.

„Нема да дозволиме кејот повторно да биде узурпиран. Во саботата вечер инспектори излегоа на терен и издадоа прекршочни платни налози на пет угостители. Казната е од 1.000-1.500 евра за правното лице и 300 евра за одговорното лице. Ќе ја пратиме ситуацијата, ако повторно ги извадат масите ќе добијат нови казни“, велат од Општина Центар.

Казнети се „Дион“, „Карпе дием“, „Соул кичен“, „Бела виста“ и „Торос“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни