Македонија

Општинската администрација на Арачиново од денеска нема да работи поради „безбедносни причини“

Општинската администрација на Арачиново од денеска нема да работи поради „безбедносни причини“

Општината во Арачиново денеска нема да работи поради безбедносни причини. Од општината велат дека одлуката е е донесена откако по втор пат е нарушена безбедноста на вработените и градоначалникот.

Првиот човек на општината, Ридван Ибрахими, вели дека заканите биле изречени во врска со предмет за доделување на користење на земјиште.

Министерството за внатрешни работи вчера соопшти дека привеле 69 годишен жител на Арачиново откако градоначалникот на општината пријавил дека додека тој не бил присутен во општинската зграда, приведениот пред други присутни лица упатувал закани по неговиот живот.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни