Орбан и Вучиќ и честитаа на Силјановска-Давкова за големата победа

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, вечерва на Икс им ја честита изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и на Гордана Силјановска-Давкова на парламентарните и претседателските избори.

Тој порача дека со нетрпение очекува да работат заедно на давањето нов импулс на процесот на пристапување на Македонија во Европската Унија.

„Честитки за ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова за нивната заслужена и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија! Со нетрпение очекувам да работиме заедно на давање нов импулс на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ!“, напиша Орбан на Твитер.

Честитка стигна и од претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„И честитам на Гордана Силјановска-Давкова на изборите за претседателка на Северна Македонија, со желба успешно да ја обавува должноста која ја презема. Уверен сум дека заеднички ќе продолжиме да работиме на зајакнување на врските помеѓу Србија и Македонија, со цел напредок на нашите народи, како и просперитет на целиот регион“, наведе Вучиќ.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното