Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека без Србија ниту едно проширување на Европската унија нема да биде успешно и дека секој што верува дека другите земји од Западен Балкан можат да се интегрираат без Србија „бркаат илузии“.
„Пред 20 години им ветивме на земјите од Западен Балкан дека ќе ги преземеме. Би било време да се надомести ова“, изјави Орбан, кој смета дека треба да се одржи самит на ЕУ и Западен Балкан, пренесува Telex.hu.
Прес-конференцијата на Орбан накратко ја прекина претставникот на Демократската коалиција од Унгарија, Мартон Гикицки, но тој брзо беше изведен надвор од салата од телохранителите на унгарскиот премиер, кој ќе одржи презентација на пленарната седница на Европскиот парламент.