„Нашиот трубач Горан Арменски денеска ја изгуби битката со тешката болест со која храбро се бореше во изминативе неколку месеци., информираат од Филхармонија.
Горан беше исклучителен трубач, посветен уметник и прекрасен колега. Нашиот оркестар изгуби врвен професионалец и човек кој имаше питома душа и искрен однос со сите.
Длабоко сочуство до неговото семејство, нека му е лесна земјата и вечен споменот.