Разговорите се одвиваат во различни насоки, но немаме конкретна одлука дали опцијата за кандидат од партијата или опцијата за кандидат кој ќе биде заеднички. Тоа ќе биде прашање што ќе се одлучи или дискутира во следните денови, но сите опции се отворени. ДУИ ги разгледува сите опции за претседателски кадидат, истакна вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи по заедничката прес-конференција на ирската министерка за европски прашања, Хелен Мекенти, и на државниот секретар при Министерството за надворешни работи на Финска, Самули Виртанен.
„ДУИ одлучи да почне со процесот на идентификување на потенцијален кандидат, но ако во меѓувреме се создадат предуслови за соработка, тогаш овој разговор ќе се смени од партиски кандидат во еден заеднички“, посочи Османи.