Македонија

Османи го посети Пендиков – му посака брзо закрепнување

Османи го посети Пендиков – му посака брзо закрепнување

Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со неговиот колега, Николај Милков денес во Софија беа во посета на повредениот македонски државјанин Христијан Пендиков, кому му посакаа брзо закрепнување.

Османи вели дека инцидентот од Охрид не ги одразува вредностите на граѓаните на Република Северна Македонија, на нашето мултиетничко општество и ќе се погрижат да има нула толеранција за насилство како одговор на било кој проблем, а најмалку на меѓуетничкиот соживот.

„Нема да се дозволи негирање на бугарската заедница во Северна Македонија, како што нема да се дозволи и негирање на македонскиот народ, и заедно – Македонците, Бугарите, Албанците, Турците и другите ќе живеат подеднакво слободни. Секое доаѓање на политичари кои го навредуваат и негираат македонскиот народ, ќе мораме сериозно да го адресираме. Тој вициозен циклус во кој сме навлезени мора да престане“, посочи Османи.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни