Македонија

Османи: Ќе имаме 2/3 за внесување на Бугарите во Уставот

Османи: Ќе имаме 2/3 за внесување на Бугарите во Уставот

Министерот за надворешни работи Бујар Османи во „Студио 10“ на ТВ24 рече дека ќе има 2/3 за промена на Уставот.

„Мислам дека да, ќе имаме 2/3 за промена на Уставот“, рече Османи.

Инаку уставните промени треба да се случат по скрининг процесот, пред втората меѓувладина седница.

„Јас очекувам дека предлогот ќе помине со 118 гласови во Собрание“, додаде Османи.

Во Уставот треба да се внесат Бугарите, а со отворањето место ќе добијат и Црногорците и Хрватите.

Последната измена на Уставот беше за потребите на Преспанскиот договор, кога државата стана од Македонија во Северна Македонија.

За промена на Устав, најкусо време кое е потребно е три месеци.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни