Македонија

Османи на министерска конференција во Берлин

Османи на министерска конференција во Берлин

На покана на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, министерот за надворешни работи Бујар Османи денес ќе престојува во работна посета во Сојузна Република Германија, каде што ќе учествува на министерската конференција “Проширена, посилна Унија”, организирана од Сојузното министерство за надворешни работи.

Министерот Османи ќе има обраќање во воведниот дел на конференцијата, заедно со министрите за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, на Шпанија, Џозе Мануел Албарес, на Словенија, Тања Фајон и на Украина, Дмитро Кулеба.

Министерската конференција, чија цел е размена на мислења во однос на подготовеноста на Унијата за проширување и на идните земји членки за членство во ЕУ, се одржува непосредно пред Европската комисија да го објави својот пакет за проширување заедно со извештаите за земјите, кои ќе дадат препораки за конкретни чекори за кои ќе одлучува Европскиот совет во декември.

На маргини на конференцијата, Османи ќе оствари бројни средби со свои колеги од земјите членки на ЕУ и од регионот.

Настанот почнува во 11 часот и истиот се очекува да се пренесува во живо на следниот Х профил: @GermanyDiplo

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни