Македонија

Османи со Бектеши во чаршија: Прво појавување по обвинението за трагедијата во „Пулс“

Османи со Бектеши во чаршија: Прво појавување по обвинението за трагедијата во „Пулс“

Потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, Бујар Османи, синоќа на социјалните мрежи објави фотографија заедно со својот сопартиец Крешник Бектеши, еден од обвинетите за трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Во скопската чаршија бев домаќин на Крешник Бектеши и Арбер Адеми“, напиша Османи во описот на фотографијата.

Ова е едно од првите јавни појавувања на Бектеши по настанот што ја потресе јавноста и предизвика сериозни реакции за политичката и институционалната одговорност.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни