Македонија

Османи за Балансерот: Со оваа одлука на Уставниот суд не може никаков друг закон да се донесе

Османи за Балансерот: Со оваа одлука на Уставниот суд не може никаков друг закон да се донесе

Во денешното гостување поранешниот министер за надворешни работи и потпретседател на ДУИ, Бујар Османи вели „со оваа одлука на Уставниот суд не може никаков друг закон“.

Новинар: Мислите дека не може да се донесе законско решение кое ем ќе го задоволи ова коешто го бара ЕУ повторно ќе ве вратам на тоа, ем да има професионалност мерит систем ем да биде зачувана правичната постапеност?

Бујар Османи: Со оваа одлука на Уставниот суд не може никаков друг закон бидејќи нема каде да се повика тој закон бидејќи забранува идентификување врз основа на етничката припадност, тоа е моето читање.

Новинар: Мислите и да донесат закон пак ќе падне?

-Апсолутно бидејќи духот на оваа одлука е таков спротивен во суштината спротивен на рамковниот договор, и тоа не е случајно тоа е последоватолно на оваа одлука за непочитување на волјата, и едноставно сите механизми за заштита на заедниците коишто ги донесе рамковниот договор, а рамковниот договор донесе до тоа еве денеска државата да е во релативна хармонија, земја-членка на НАТО, претендент за земја-членка на ЕУ, да се рушат едно по едно, вели Османи во „Само Интервју” на Канал 5.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни