Македонија

Осомничените за убиството во Батинци недостапни – властите се уште се во потрага

Осомничените за убиството во Батинци недостапни – властите се уште се во потрага

За органите на прогонот недостапни се двајцата осомничени за убиството во скопско Батинци што се случи на 1 јули годинава.

Од Основното обвинителство соопштуваат дека наредиле поведување на истражна постапка против С.Н. 32-годишен и М.Џ. 24 години. Од таму додаваат дека двајцата осомничени се во бегство и не се на располагање на органите на прогонот.

За ова, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од скопскиот Кривичен суд достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, која ќе почне да се спроведува од моментот на нивното приведување и лишување од слобода. Во Министерството за внатрешни работи издадени се соодветни наредби за пронаоѓање на осомничените лица.

Инаку, пред 1 месец две маскирани лица во автомобил „мерцедес“ со германски регистарски таблички пукале со пиштол во автомобил „форд“ со италијански таблички при што го убиле 34-годишниот А.Б.И, а го повредиле З.И. -31 годишен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни