Родителите и понатаму вознемирени поради вакцинацијата, која според Министерството за здравство сите деца задолжително мора да ја примат. Велат дека читале оти во повеќето случаи оваа вакцина предизвикува аутизам кај децата. Една мајка која го држеше своето 11-месечно бебе кое примаше вакцина, рече дека кога станува збор за вакцинација секогаш ја следи препораката и консултацијата со лекарот и дека досега нејзиното дете ги има примено сите вакцини.
На Клиниката на Бит Пазар, една мајка која не сакаше да говори пред камерата, рече дека нејзините две повозрасни деца биле вакцинирани и дека се добри. Вели дека се двоуми дали да го вакцинира и најмалото, бидејќи стравува оти вакцината не е доволно квалитетна. Лекарите специјалисти категорично негираат. Велат дека вакцината е квалитетна и дека се произведува во Белгија.
-Единственото нешто што е придобива од вакцината е заштита од заразните болести, во овој случај од сипаници. Точно е дека родителите немаат сигурни информации, немаат доволно информации или пак истите се дезинформации. Во последно време има разни портали кои објавуваат дезинформации во врска со вакцинацијата и истата ја поврзаат со аутизмот како состојба предизвикана од вакцините. Но, тоа не е точно“, вели лекарот Мелехате Бектеши.
Во меѓувреме, група родители кои се против вакцинирањето, преку фејсбук иницијативата „Кажете не на присилната вакцинација“ која има над 5.700 допаѓања, го изразија својот револт против одлуките на Министерството за здравство. Велат дека Министерството не поседува податоци на регистрирани лица со морбили, а ниту пак релевантни анализи за каков генотип на сипаници станува збор. Во целата Европска унија вакцините се исклучително право на избор на родителот, а воедно и ви честитаме на најголемиот правен гаф и преседан достоен за светските насловни страници, пишуваат родителите. Групата родители на не вакцинираните деца „Кажете не на присилната вакцинација“, велат дека повеќе нема да плаќаат данок, пари кои, како што тврдат, се користат за милионски тендери.
Репортер: Салије Садику
