Владата смета дека единствено исправната и неопходна одлука е неотповикливата оставка која денеска ја поднесе претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева.
„Разбираме дека ваквата одлука ќе предизвика многу реакции и загриженост, особено кај оние кои се вмешани во сомнителни активности, криминални дела и фалсификување на записници. Но, правдата мора да се воспостави и да продолжи да функционира“, изјавија од Владата за МИА.