Македонија

Оставки во СДСМ: Галетановски се повлече од претседател на градската организација

Оставки во СДСМ: Галетановски се повлече од претседател на градската организација

По изборите, почнаа да паѓаат оставки во опозициската СДСМ.

Ѓорѓи Галетановски си поднел оставка од претседател на градската организација на СДСМ.

Оваа вест ја потврдиле од партијата за ТВ24, од каде велат дека оставката е доставена на Бихаќка.

Според нив, истата е поднесена од лични и морални причини.

„Оставката е поднесена од лични и морални причини и доставена до партијата. Во однос на понатамошните одлуки органите на СДСМ ќе постапат согласно статутарните одредби на партијата, за што ќе ја информираме јавноста“, додаваат од СДСМ за ТВ24.

Инаку Галетановски е еден од неколкумината советници кои СДСМ ги освои во советот на Град Скопје.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни