Македонија

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

Осуденик почина во кругот на Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје од последици на струен удар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите на МВР, во 14:43 часот до Секторот за внатрешни работи Скопје од установата било пријавено дека во делот на внатрешното шеталиште лицето Н. И. (42) од селото Тебреште се искачил на бандера и се фатил за жица под струен напон, по што паднал.

Екипа на Итната медицинска помош излегла на терен, а лекар ја констатирал смртта на самото место.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни